Двојничката на Џенифер Анистон стана хит: Имитираше сцена од „Пријатели“ и направи „бум“ на ТикТок

Двојничката на Џенифер Анистон стана хит: Имитираше сцена од „Пријатели“ и направи „бум“ на ТикТок

Објавена во: Stars // Филм

Лиса Транел стана хит на ТикТок откако многумина забележаа дека неверојатно многу личи на актерката Џенифер Анистон.

Во едно неодамнешно видео кое го објави на оваа платформа, Лиса имитираше сцена од серијата „Пријатели“ во која ја глуми Рејчел Грин. Корисниците на ТикТок не можеа да не ја забележат сличноста со познатата актерка.


„Навистина мислев дека ова е Џенифер Анистон“, „Знам дека ти е веќе преку глава од коментарите дека личите, но тоа е навистина точно“, „Вау, ги копира сите нејзини експресии на лицето“, „Нека ја означи некој Џенифер на ова видео за да ги споиме“, „Можеш ли повеќе да личиш на Рејчел?“ - се само дел од коментарите.

Луѓето толку многу пати напишаа дека личи на Џенифер што Лиса во описот на профилот на ТикТок напиша дека „не е Џенифер Анистон“. За целата ситуација Лиса се огласи и на Инстаграм.

„Последните неколку дена беа луди. Моето видео на ТикТок стана вирално, бидејќи сите мислат дека личам на Џенифер Анистон. Јас лично не мислам дека изгледам како неа, а не ми е ни семејство“ - кажа Лиса.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: