Џастин Бибер: Бракот со Хејли не ми ги реши проблемите!
Џастин Бибер откри дека доживеал „мал емоционален слом“ откако се оженил со Хејли Болдвин и сфатил дека бракот нема да ги реши сите негови проблеми.
Џастин и Хејли се венчаа двапати откако ја обновија нивната романса во 2018 година - прво во Њујорк во 2018 година, по што следеше втора церемонија со пријателите и семејството во Јужна Каролина во 2019 година.
„Се сеќавам дека првиот пат кога се оженив, имав мал емотивен слом бидејќи мислев дека бракот ќе ги реши сите мои проблеми, но не ги реши“, рече Џастин и додаде: „Сакаш жена ти да прави нешто што ти не го правиш, понекогаш е тешко да се погледнеш во огледало кога навистина треба да разбереш, човеку, можеби не си личноста што мислеше дека си. И тоа е само резултат на траума и животни околности“.
Во четирите години откако се венчаа, парот се соочи со доста големи предизвици, а последен беше здравствената состојба на Хејли . Минатата година, сепак, Хејли откри дека се јавувала кај нејзината мајка Кени за време на тешкиот период во нивниот брак: „Се сеќавам дека и се јавував неколку пати, плачев и велев: „Едноставно не можам. Нема шанси да го правам ова ако биде вака засекогаш.' И само се сеќавам дека беше толку мирна на телефон и ми рече: „Ќе помине, и ти ќе бидеш добро, тој ќе биде здрав, а ние сме тука за тебе“, рекла мајката на манекенката.
Хејли, исто така, рече дека ѝ е мило што останува со него и покрај сите нивни искушенија и неволји.