Џастин Бибер јавно и се извини на Тејлор Свифт: Би сакал да разговараме и решиме конфликтот!
Менаџерот на Џастин Бибер, Скутер Браун, ја купи издавачката куќа за која Тејлор Свифт издаде неколку албуми. По овие вести, Тејлор објави свое мислење за целата ситуација, а потоа Џастин одлучи да се вклучи во целиот проблем.
„Хеј Тејлор. Прво би сакал да се извининам што објавив навредлива објава на Инстаграм. Во тоа време мислев дека сум забавна, но сега сфаќам дека била навредлива. Морам да бидам искрен и да кажам дека кога ја објавив фотографијата од Скутер и Кајне Вест со натпис 'што има Тејлор', Скутер не беше дел од тоа, односно токму тој ми кажа дека не треба со тоа да се шегувам. Тој ти го чуваше грбот во време кога дозволи да ти се доближам. Како минуваа годините, не ни се вкрстија патиштата и не разговаравме за ова недоразбирање, за навредите и фрустрациите. Засега ги преврте социјалните мрежи и ги натера луѓето да го мразат Скутер што не е фер. Што пробуваш да постигнеш со тоа? Мене ми делува дека бараш сочувство, но не си знаела дека твоите фанови ќе почнат да го малтретираат Скутер“ - напиша Џастин.
Засега, Тејлор нема одговорено на ова јавно писмо!