Џастин Бибер со нова трансформација: Ја избрчи главата и сега е речиси ќелав

Џастин Бибер со нова трансформација: Ја избрчи главата и сега е речиси ќелав

Објавена во: Мода // Moj стил

Џастин Бибиер, кој често експериментира со разни стилови и фризури, е забележан со избричена глава и сега е речиси ќелав. Канадската поп ѕвезда во вакво издание за првпат беше уловена на Беверли Хилс во Калифорнија, на 20 јануари. Пејачот, може да се каже дека го освежи својот изглед, но можеби уште не сака светот да го види тоа.

На фотографијата до која дојде HollywoodLife.com, Бибер има навлечено црвен дуксер преку главата, но страничните и предните делови од главата и понатаму беа видливи, откривајќи ја неговата нова фризура. Подоцна, во четвртокот вечер, Џастин беше на вчера, на која беше уловен во неговиот омилен ресторан на Беверли Хилс, без сопругата Хејли Бибер.

фото: TheHollywoodFix.net / BACKGRID

Ова сигурно е најкратката фризура на Џастин досега. Иако некое време имаше многу кратка фризура откако ги скрати своите контроверзни суканите, претходно сепак му беше малку подолга, што се гледа на неговото селфи во огледало, кое го има споделено на Инстаграм на 7 јануари.

Инаку, бидејќи веќе неколку месеци не настапу, Бибер би требало за првпат би требало да се појави на поп-ап концертот на групата The.h.wood Group „Homecoming Weekend“ во Лос Анџелес во петок, на 11 февруари.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: