Џастин и Хајли Бибер открија: Како поминале преку „недостатокот доверба“ во бракот?

Џастин и Хајли Бибер открија: Како поминале преку „недостатокот доверба“ во бракот?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Иако ни изгледа дека врската помеѓу ѕвездата Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Бибер е беспрекорна, не е сѐ баш како што изгледа. Тешко е да се одржи бракот кога сте постојано под лупата на јавноста, а и самиот Џастин го потврди тоа. Во најновото интервју, кое го даде за „GQ“, откри зошто првата година од бракот со Хајли била полна со подеми и падови.

Џастин Бибер е некој кој, како што кажува, се чувствувал приморен да се венча. „Почувствував дека тоа е мојот повик, само да се оженам, да имам деца и сето тоа.“ Пејачот сепак се венчаше со Хајли Бибер во 2018 година во Њујорк, а двојката повторно се заколна на вечна љубов во 2019 година во Јужна Каролина. Но, пирзнава дека не било сѐ така лесно. „Првата година од бракот беше навистина тешка, бидејќи имаше премногу од сѐ. Едноставно недостасуваше доверба поради многуте работи кои беа толку страшни да ѝ се признаат на саканата личност. Не сакате да ја уплашите со приказната дека се плашите“ - призна Џастин.

Колку и да ѝ било тешко на оваа двојка на почетокот на врската, Џастин ги увери сите дека повеќе нема ништо од тоа. „Едноставно ги созадаваме овие моменти само за нас како двојка, како семејство,за да изградиме заеднички спомени. Преубаво е што за тоа можеме да се радуваме. Порано во животот не можев да се радувам на ова. Мојот семеен живот беше нестабилен, дури не ни постоеше. Немав сродна душа, некој кој го сакав, некој на кој ќе можев да се потпрам, но сега го имам“ - откри пејачот.

Хајли исто така проговори на оваа тема. „Нема да седам овде и да лажам и зборувам дека сѐ е совршено и магично. Секогаш ќе биде тешко, но тоа беше мој избор. Не се чувствуваш така секој ден, не се будиш секој ден со „Апсолутно сум заљубена и ти си совршен“. Тоа не е брак. Но во него е преубаво тоа што сакате да се борите за нешто, да градите нешто заедно. Сѐ уште сме млади и многу работи ќе се променат. Заедно ќе растеме и ќе се поддржуваме еден со друг во тие промени. Така гледам јас на тоа. На крајот на краиштата, тој ми е најдобар пријател и никогаш не ми здосадува“ - истакна Хајли во една прилика.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: