Џастин откри: „Бракот со Хејли ме спаси, бев зависник од тешки дроги“

Џастин откри: „Бракот со Хејли ме спаси, бев зависник од тешки дроги“

Објавена во: Музика, Семејство

Пејачот Џастин Бибер стана светска ѕвезда уште пред 10 години, кога ги сними песните „Baby“ и „One Less Lonely Girl“. Беше најголема тин ѕвезда по која лудуваат обожавателките ширум светот.

Меѓутоа, популарноста на Џастин му донесе и лоши работи. До својата 19 година беше зависник од тешки дроги, за што и самиот сподели на социјалните мрежи.

Покрај обожавателките, имаше и бројни „хејтери“ со кои тешко излегуваше на крај. Кога наполнил 20 години, вели дека ги направил сите можно грешки кои можел. Од најсакана ѕвезда на светот, стана еден од најомразените. Уште потешко излегувал на крај со милионите кои ги имал на своите сметки во банка, со кои можел да си купи се што ќе посака.

Едно време, признава, ужасно се однесувал кон жените. Ги злоупотребувал и бил бесен. Престанал да комуницира со сите кои го сакале.

Сепак, Џастин се промени откако е во брак со манекенката Хејли Балдвин.

„Сега сум во најдобриот период од мојот живот - во брак, кој е неверојатна нова обврска. Учиш да си трпелив, да имаш доверба, да си предаден, учиш да си љубезен... Сите работи кои ќе те прават добар човек“ - заклучи Бибер.

Објавена во: Музика, Семејство

Можеби ќе ве интересира: