Џеј Ло и Алекс со донација за најмалите: Децата не смеат да заспијат гладни
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез донираа храна во едно основно училиште во Тенеси.
Откако парот ја видел виралната објава на учителката Брук Гоинс за тоа како еден од нејзините ученици често останува гладен, се здружиле и донирале оброци од нивната нова компанија „Tiller & Hatch“. Храната која ја донирале е доволна за една година.
Учителката ја споделила приказната за својот ученик на 2 октомври. Објаснила дека се расплакала кога слушнала дека е гладен, бидејќи дома нема доволно храна.
„Денес плачев на работа. Не затоа што ја мразам својата работа или затоа што е тешка. Денес плачев поради дете кое толку невино зборуваше за храната, односно за недостаток на храната. Ме праша кога ќе дојде жената која става храна во неговиот ранец. Ми рече дека дома нема храна и дека му треба уште... Ниту едно дете не би требало да биде гладно“ - напиша таа на социјалните мрежи.
Училиштето отворило фонд за помош за останатите во слична ситуација, а кога Лопез слушнала за напорите на учителите, знаела дека треба да помогне.
„Слушнавме дека учителите им помагаат на учениците да донесат храна дома кога ја немаат доволно. Кога ја видовме оваа приказна, се расплакавме. Ниту едно никогаш не би требало да заспие гладно“ - напиша Џенифер на Инстаграм.