Џеј Ло и Бен Афлек никаде не одат без нејзината ќерка Ема: Причината ќе ве воодушеви
Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе некое време уживаат во обновената романса.
Секој ден изгледаат сѐ позаљубено, што особено можеше да се види на крстарењето по повод роденденот на латино дивата.
Актерот се потруди да ѝ удоволи на својата сакана, а веќе долго време се зборува и за венчавка во тајност, која ја планираат некое време.
Сепак, дека „Бенифер“ не го одобруваат сите докажаа и фотографиите кои неодамна се појавија на социјалните мрежи, а на акои актерот очајнички се труди да го орасположи синот на Џеј Ло, Максимилијан.
Меѓутоа, извори блиски на двојата тврдат дека момчето не е голем обожавател на познатата двојка и дека се труди да избегнува да поминува време со нив, секако кога ќе биде тоа возможно.
Од друга страна, Ема често може да се види во друштво на Бен, а за време на одморот во Хемптонс, Бен дури ѝ го поправи расположението на Ема, откако од непознати причини беше тажна.
Познато е дека Бен има две ќерки и син, а една од нив е посебна блиска со Ема, на што актерот многу се радува.
Ема неодамна е фотографирана со Бен и Џеј Ло за време на псоетата на еден ресторан, а девојчето за целото време беше насмеана и се моташе околу актерот, се смеше и шегуваше со него.
Извор: GMD / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIAЗа многумина, ова однесување беше чудно, а озборувањата на мрежите отидоа дотаму што се тврди дека Еме е всушност вљубена во Бен, но и дека тој всушност е татковската фигура што ѝ е потребна.
Сепак, втората причина е всушност делумно точна. Имено, иако Џенифер се обиде да ги всади вистинските вредности кај своите деца и е позната како строга мајка, Ема во последно време поминува низ различни фази, и се чини дека Бен најдобро се разбира во тоа.
Иако научила да не обрнува внимание на лошите коментари, факт е дека како што расте, сѐ повеќе ја погодува фактот дека не личи на својата мајка, иако е фокусирана на други работи во животот.
Еднаата ќерката на Бен, исто така, поминува низ слична фаза, и според извори блиски до двојката, Ема е многу задоволна што некој ја разбира и зборува со неа за работи што ја интересираат.
Иако е многу блиска со својот татко Марк Ентони, таа не го гледа онолку колку што би сакала, направи да пронајде некаква татковска фигура во Бен, која реално ѝ е потребна.
Тоа е само уште една добра страна на „Бенифер“, и само се надеваме дека и Максимилијан ќе ги прифати.
фото: GMD / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA