Џенифер Лопез објави ФОТКА од својот 16-годишен син и луѓето полудеа - тинејџерот е буквално копија на таткото! Тој изгледа потполно исто како Марк Ентони од неговите помлади денови
Џенифер Лопез на Инстаграм сподели објава која ја посвети на
своите деца, близнаците Ема и Макс. „Само тие се во моето срце“, напиша латино дивата покрај две фотографии на кои
позира прво со Ема, а потоа со Макс.
Со оглед на тоа што Ема често е присутна во јавноста и често и прави друштво на мајка си за време на шопинг или секојдневни активности, на сите веќе им е добро познато како изгледа оваа тинејџерка која се декларира како небинарна личност.
Негува машки стил, има пократка, брановидна коса и речиси секогаш носи слушалки околу вратот, па јасно е дека сака музика, а нејзиниот изглед често е мета на критичарите на социјалните мрежи.
Но, изненадување беше нејзиниот брат близнак Макс, кој се држи подалеку од рефлекторите и бега од папараците, па публиката не стигна да го види премногу пати. Џеј Ло сега како и секоја горда мајка се пофали со синот, а момчето сериозно порасна и е слика и прилика на својот татко.
Додека пејачката позираше во прекрасен летен фустан со интересен принт во зелени тонови и беше целосно облечена, нејзиниот син очигледно само што станал, па се фотографирал во бели памучни пижами.
Да потсетиме, славната 55-годишна жена роди близнаци во бракот со пејачот и актер Марк Ентони. Макс е навистина копија на неговиот татко, особено од неговите помлади денови, и по раст и по карактер.
Инаку, извор близок до Лопез неодамна за „Дејли мејл“ изјави дека нејзините близнаци и децата на Бен Афлек активно работат на смирување на парот. „Децата мислат дека Џенифер и Бен се навистина длабоко вљубени, дека се сродни души и не сакаат да се разведат. Сакаат да бидат заедно и во добро и во лошо, како што рекоа во нивните свадбени завети", рекол изворот.
Фото: Инстаграм