Џеј Ло во совршен фустан и најтренди сандали за сезонава: Латино дивата има предлог како да изгледате ШИК ова лето
И додека медиумите пишуваат за нејзината обновена врска со актерот Бен Афлек, Џенифер Лопез никогаш не била посреќна, а тоа го потврдуваат и фотографиите од двојката кои неодамна беа уловени како разменуваат бакнежи, а потоа и за време на романтичната прошетка.
Но, слободниот ден Џеј Ло овој пат го помина без Бен. Таа со сестра ѝ Линда, која воедно и е менаџерка, и пријателите замина на шопинг. Проминувајќи низ улиците на источен Хемптонс вниманието го привлече со одличната летна комбинација.
Лежерниот фустан со популарната макси должина одлично ѝ прилека, а длабокиот В - израз ги привлекуваше погледите на деколтето.
Белиот фустан украсен со жолт принт и нежна чипка ги имаше и двата многу популарни детали за оваа сезона.
Овој стајлинг го искомбинира со многу тренди чевли - „танга“ сандалите. Имено, токму овој модел е еден од најголемите летни хитови, кога се обувките во прашање, а многумина предвидуваат и дека ќе биде популарен и наредната година.
фото: MACIEL-PATRIOT PICS / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA