Џејла Рамовиќ на факултет криела со што се занимава: Еве каква била реакцијата на луѓето кога дознале дека е пејачка
Пејачката раскажа и зошто се одлучила на тој чекор...
Џејла Рамовиќ, победничката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, пред повеќе од една година се пресели во Шпанија, каде студира економија.
Многумина мислеа дека поради тоа ќе ја запостави музичката кариера, што не е случај, со оглед на тоа што неодамна објави нова песна.
Како и на секој почеток, Џејла сакала на одреден начин да им се претстави на луѓето кои ѝ се колеги, па така го криела својот идентитет, односно со што се занимава.
„Таму пронајдов мир и добив нова волја и мотивација за работа и генерално на сите полиња. Сметав дека тој чекор ми беше неопходен и бев во право“ - кажа таа во „Ѕвездите на Гранд - Специјал“, па додаде зошто сакала луѓето да не знаат која е всушност таа:
„Месец и половина го криев Инстаграмот, бидејќи штом започнат тие запознавања, веднаш се споделуваат социјалните мрежи, но јас сметав дека тоа не мора веднаш. По некои два месеци одлучив дека е време, бидејќи луѓето би помислиле дека нешто не е во ред со мене. Секако, сите беа шокирани“.
фото: Принтскрин / Инстаграм