Џејла Рамовиќ призна дека во текот на натпреварувањето се соочувала со проблеми: Никој не знаел со што се борела
Победничката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за 2019 година, Џејла Рамовиќ, во самото натпреварување се истакна со феноменалните гласовни способности, меѓутоа, малку е познато дека младата пејачка во текот на натпреварувањето се соочувала со разни проблеми.
Имено, Џејла по 4 години призна дека се соочувала со предрасуди, и дека многумина ја доживувале како ладна личност.
Истакнува дека приватно е потполно поинаква, и дека публиката тогаш на погрешен начин ја протолкувала нејзината трема, која ја парализирала.
„Колку луѓето можат да ме познаваат преку телевизија? Што се однесува до натпреварувањето тогаш навистина го имав тој проблем дека луѓето коментираа дека сум многу ладна и дека сето тоа го доживувам како мене никој да не смее ништо да ми каже. Бев многу млада и имав голема трема и одговорност, а луѓето всушност го коментираа мојот израз на лицето“ - раскажа Рамовиќ, која откри дека приватно е сосема поинаква личност.
„Јас приватно не сум таква, но кога сега би одела од личност до личност и би молела да ме прифатат и да ме сакаат и да не мислат така, би завршила во лудница“ - искрена беше младата пејачката во емисијата „Ѕвездите на Гранд - Специјал“.
По победата, Џејла објави неколку песни, а посебно се издвоија „Руине“ и новата песна „Спарта“.
Иако поради студиите се пресели во Барселона, Шпанија, Џејл не ја запоставува музичката кариера, и се труди да ги избалансира обврските на факултетот и работата.
фото: Принтскрин / Инстаграм