Џејмс Чарлс го покажа новиот имиџ: Сите се шегуваат со него, бидејќи изгледа како евтина верзија на еден инфлуенсер

Џејмс Чарлс го покажа новиот имиџ: Сите се шегуваат со него, бидејќи изгледа како евтина верзија на еден инфлуенсер

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Изгледа дека малку погрешил со изгледот...

Џејмс Чарлс сака да експериментира со својот изглед, а еден од најновите не беше најдобро прифатен од неговите следбеници. Сега сите се шегуваат со него и велат дека изгледа смешно и како евтина верзија на еден друг ТикТокер/пејач.

Познатиот мејкап јутјубер скаа да ја истакнува својата женствена страна и да изгледа феминизирано, што е апсолутно во ред и навикнати сме да го гледаме во такви верзии. Комплетна шминка, перики, чевли на високи потпетици, дури и здолништа, сето тоа го поврзуваме со Џејмс кој го знаеме и сакаме, но со својот последен изглед ги шокираше сите. Коментарите за него се урнебесни. 

И додека го споредуваа со Крис Џенер, на новото видео кое тој го објави на ТикТок, сите го исмејуваат, а и самите се прашавме кога одеднаш влета со оваа верзија.

@jamescharles

rock on

Cancun sega genesis remix Prod. luxuriøus - bryanna

Џејмс Чарлс како емо рокер? Сите се согласуваат дека тоа не е неговиот имиџ. Во коментари луѓето се шегуваат дека изгледа како евтина верзија на популарниот ТикТокер и пејач Лил Худи. Други малку се уплашија кога им се појави ова видео. А, многу луѓе на прва не го препознаа, додека не ги симна очилата.


Иако сака да испробува нови изгледи, сите се надеваат дека овој ќе го остави зад себе, бидејќи дефинитивно тоа не е тоа. Обожавателите на бендот „Квин“ се вознемирија и налутија малку, бидејќи се сигурни дека Џејмс не го слуша овој бенд и не гледаат поента зошто носи нивна маица. Сите се согласуваат дека не треба да го негува овој стил.

фото: ТикТок- jamescharles; jamescharles / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: