Џејмс Чарлс ја нашминка Џоџо Сива: Нема да ја препознаете

Џејмс Чарлс ја нашминка Џоџо Сива: Нема да ја препознаете

Објавена во: Мода // Moj стил

Јутјуберот и мејкап артистот Џејмс Чарлс во потполност ја трансформираше Џоџо Сива.

Пред да почне да ја шминка, Чарлс откри дека соработката ја договарале скоро две години. Особено е интересно тоа што Џоџо на никој не му дозволува да ја шминка.

„Сакам да се шминкам сама. Не му дозволувам на никој да ме нашминка, уште помалку да ми прави фризури“ - рече таа на почетокот, по што Џејмсл и ја отстрани шминката со светки по која што е позната.

За време на шминкањето, тие двајца зборуваа за тоа како Џоџо ја започнала кариерата во серијата „Dance Moms“, која ја прослави.

„Ништо не би направила доколку ја немаше серијата „Dance Moms“. Тогаш почнав, тоа е мојата платформа“ - раскажа таа.

И по серијата, Џоџо продолжи да реди успеси. Стана ѕвезда на „Nickeldeon“ и започна сопствена модна линија на панделки, JoJo's Bows, со над милион продадени модни додатоци.

Покрај тоа што крајниот резултат и се допадна, Џоџо на Чарлс му кажа дека тоа не е нејзин стил.


Може да ве интересира:

(ВИДЕО) Ѕирнете во домот на Џоџо Сива!

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: