Џејсон од „Петок 13“ го зема од училиште: Роденденската желба - реалност

Џејсон од „Петок 13“ го зема од училиште: Роденденската желба - реалност

Објавена во: Совети // Семејство

Некои за роденден сакаат нов мобилен, некои нова играчка, благи или нешто слично, но ова момче посака нешто посебно. Сакал за роденден пред училиште да го пречека Џејсон од филмот „Петок 13“.

„Зборував со училиштето и кажаа дека не сакаат Џејсон да биде пред училишниот влез, па го пречека на аголот“ - рече Сем Марфи од Велика Британија. На својот син Картер му приреди посебно изненадување за роденден - му го донесе Џејсон од филмот „Петок 13“.


Картер има АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност) и татко му ретко го држи за рака, па многу го зачуди тоа што со Џејсон одел држејќи го за рака се до нивната куќа.

„Беше навистина прекрасно искуство. Му поклони маичка која не сака да ја соблече од себе. Не престанува да зборува за тоа“ - рече Сем.

Таткото е воодушевен што на синот му приреди изненадување какво што посака, а особено е задоволен од Џејсон, кој го одглуми локалниот експерт за мејкап и специјални ефекти, за кој вели дека ниту еднаш не излегол од улогата.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: