Џемпери за студените есенски денови: Шест модерни предлози за збогатување на плакарот
Слатки џемпери за есен кои нема да сакате да престанете да ги носите!
Во пресрет на есента, потребно е да се обнови есенско - зимските парчиња затоа во продолжение ви направивме листа на неколку новитети кои ќе ви ја олеснат одлуката, секако кога се џемперите во прашање.
# Тробоен џенпер
Разиграноста на боите во комбинација со високиот околувратник за секој е полн погодок.
# Пелерина
Необична пелерина во прекрасна бежова нијанса која секако ќе ја надополни вашата комбинација.
# Црвен џемпер
Црвената боја е дефинитивно бојата на есента, а овој џемпер обичната комбинација ќе ја крене на едно повисоко ниво, токму поради впечатливата боја.
# „Baggy“ џемпер
„Оверсајз“ изгледот се уште е еден од најуспешните, но и најпознати трендови. Токму поради тоа, овој модел на џемпер изгледа посебно и впечатливо.
# Џемпер со отворени раменици
Долгите ракави со отворени раменици сè уште се ИН, особено кога станува збор за џемпери. Причината за ова е контрастниот ефект што се добива, па затоа ова парче облека е одлично за раната и доцната есен додека температурите не се спуштени под нула.
# Црн џемпер
Поради темната боја на прв поглед изгледа здодевно, но доколку одберете некој ваков модел ќе ги воодушевите сите околу себе. Одлично парче за вечерни излегувања или некои други празнични прилики.