Џенифер Лопез потпиша соработка со Нетфликс: Ќе сними два нови филма
Џенифер Лопез во оваа соработка нема да се најде само во улогата на актерка...
Џеј Ло досега можевме да ја видиме во неколку улоги во кои одлично се снајде. Последниот и екстра популарен филм кој го сними е „Hustlers“ во 2019 година, кој предизвика воодушевување помеѓу многу гледачи ширум светот и со него во потполност ја оправда популарноста и својата актерска кариера. Овој пат Џенифер потпиша договор со Нетфликс за сорабока околу снимањето на нови содржини кои ќе бидат дистрибуирани на оваа голема платформа, пренесува Stylist. Оваа соработка веќе неколку пати ја потврди и самата таа, кога на својот Инстаграм профил објави некои фотографии од снимањето.
Нејзината продукциска куќа, под називот Nuyorican Production, ќе ги води проектите кои ќе се снимаат со Нетфликс. Засега е познато дека два филма се во подготовка. Еден од нив е филмот „The Mother“, трилер кој ќе прикаже жена која сака да ја спаси својата ќерка која ја дала на посвојување пред неколку години. Другиот филм е „The Chiper“, кој е направен по истоимениот роман. Во овој случај токму Џеј Ло ќе биде главната улога, агентка на ФБИ.
На нас ни преостанува само да чекаме и да видиме како Џенифер ќе се снајде во новата улога, но и како ќе изгледа соработката на нејзината продукциска куќа и Нетфликс.