Џенифер Лопез пушти солзи на доделувањето на наградите: Упати моќна порака до сите девојки на светот

Џенифер Лопез пушти солзи на доделувањето на наградите: Упати моќна порака до сите девојки на светот

Објавена во: Stars // Музика

Латино дивата ја доби наградата „Икона на 2020 година“...

Вчера вечер се одржа американското доделување на наградите „People's Choice Awards“, каде што публиката гласаше за најдобрите изведувачи во поп културата за 2020 година, а Џенифер Лопез, која доби една од наградите, заплака на сцена.

Имено, доделувањето на наградите се емитуваше во живо од Баркер Хангар, во Санта Моника во Калифорнија, а емисијата ја водеше Деми Ловато.

ТВ каналот Е! оваа година им оддаде почит на многу имиња од светот на шоубизнисот, а латино дивата ја доби наградата „Икона на 2020 година“.

Кога излезе на сцена познатата пејачка се расплака и тоа во моментот кога на екранот ги здогледа своите деца, па рече:

„Оваа година беше прекрасна. Ни покажа што е важно, а што не. А, мене ме зајакна она што е најважно - луѓето, сите заедно. Треба да си помагаме, да се сакаме, да бидеме љубезни едни кон други. И важноста на таа врска, на тој човечки допир. Сфатив дека се стремам кон тоа во сè што работам во животот. Да ги допрам луѓето, да допрам до нив“ - започна таа.

„Сакам да ги инспирирам девојките од сите возрасти и од сите бои, ширум светот, да знаете дека можете да направите што и да посакате, колку што сакате и да бидете горди на тоа што сте, без оглед на тоа од каде доаѓате. Сакам да знаете дека вашите соништа се ограничени само од вашата фантазија, одлучност и подготвеност, никогаш да не се предадете. Доколку ве допрев на било кој начин, тогаш тоа е најголемата награда која некогаш сум можела да ја добијам“ - рече Џенифер на сцената.

Покрај неа, наградата за машка филмска ѕвезда ја доби Вил Смит, додека наградата за ријалити ѕвезда ја доби Клои Кардашијан, а наградата за машки изведувач на годината, канадскиот пејач Џастин Бибер.

Познатата поранешна ѕвезда на Дизни, Ариана Гранде доби две награди, за женски изведувач на годината и наградата „Social Celebrity“, со оглед на тоа дека е најследена женска личност на социјалните мрежи со 206 милиони следбеници на Инстаграм.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: