Џенифер Лопез во спортско издание и без шминка: Скапоцената чанта ја искомбинира со тренерки

Џенифер Лопез во спортско издание и без шминка: Скапоцената чанта ја искомбинира со тренерки

Објавена во: Живот // Живот

Холивудската актерка и пејачка уловена додека излегувала од омилената теретана...

Џенифер Лопез е фотографирана откако ја напуштила теретаната во Мајами, од каде што со пријателите седнала во блиското кафуле за да се опушти.

Латино дивата, која што сме навикнале да ја гледаме во гламурозни изданија на црвениот тепих, приватно претпочита лежерни изданија, а со оглед на тоа колку напорно вежба, спортската облека стана нејзино секојдневие.

Во едно такво издание ја уловија и папараците, а на нејзината комбинација доминираат удобните сина тренерки.

Спортското издание го заокружи со бел и пократок дуксер, кој и го открива и стомакот, па така може да ги видиме резултатите од вежбањето.

Со цел да се скрие од љубопитните минувачи, таа на лицето беше со очила за сонце и, се разбира, поради пандемијата на вирусот корона, со заштитна маска што фино ја вклопи со бојата на нејзините тренерки.

Заедно со спортската комбинација, таа носеше и чанта „Хермес“, која, поради својот луксуз, дамите обично ја носат во посебни прилики, а не во теретана.

фото: profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: