Џи - Изи и Халси повторно раскинаа!!!
Џи - Изи и Халси наводно раскинаа по вторпат во вторникот. Парот за првпат ја прекина врската во јули оваа година, дотогаш тие беа заедно нешто повеќе од една година.
По кратко време од тоа раскинување, тие се бакнаа на бина на концерт, со што врската продолжи, но за жал тоа не траеше долго. Двајцата очигледно се имаат отследено од Инстаграм, а Халси вчера на Tвитер објавуваше твитови за болка и мизерија.
Извори блиски на парот тврдат дека тие не можеле да ги надминат поранешните проблеми и дека Џи - Изи јасно им се додворувал на други девојки за време на забавата за Ноќта на Вештерките во неговиот дом.