Џиџи Хадид испрати апел до јавноста: Загрижена сум за својата ќерка

Џиџи Хадид испрати апел до јавноста: Загрижена сум за својата ќерка

Објавена во: Совети // Семејство

Џиџи Хадид не сака да зборува за својот приватен живот откако стана мајка и само повремено на Инстаграм споделува фотографии.

Во отвореното писмо им се обрати на папараците и обожавателите и ги замоли за приватноста на својата ќерка: 

„Ова го посветувам на папараците, новинарите и моите сакани обожаватели. Веројатно сте забележале дека намерно никогаш не го покажувам лицето на нашата ќерка на социјалните мрежи. Би сакале таа да одбере како и што ќе споделува со светот кога ќе стане полнолетна. Сакаме да расте колку што е можно понормално, без притисок, бидејќи тоа го нема сама одберено“ - напиша Џиџи.

„Ве молам, ве молам, замаглете ѝ го лицето на фотографиите доколку некогаш биде уловена од вашите камери“ - ги замоли и им се заблагодари на фотографите кои ја испочитувале нејзината молба и се држеле подалеку од неа и Каи за време на прошетката во Њујорк.

„Огромно благодарам што бевте толку љубезни и држевте дистанца. Гледа сè и го ценам тоа.“

26 - годишната манекенка ги повика своите обожаватели и следбеници со своето однесување за помогнат во заштитата на малолетниците лица во медиумите, дури и кога потекнуваат од јавни семејства.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: