Џина Џиновиќ во хотел кој „пука“ од луксуз: Овде летува ќерката на познатиот пејач и најпопуларната српска јутјуберка

Џина Џиновиќ во хотел кој „пука“ од луксуз: Овде летува ќерката на познатиот пејач и најпопуларната српска јутјуберка

Објавена во: Совети // Семејство

Мелина Џиновиќ одлучи малку да се одмори со ќерката Џина, а за уживањето да биде полн погодок тие одбраа еден од најлуксузните хотели покрај брегот.

Успешната модна дизајнерка, Мелина Џиновиќ, која стои зад брендот „Hamel“ замина на одмор со мало, но одбрано женско друштво. Ова лето мајката и ќерката се одлучија за уживање во атинската ревиера.

Инстаграм открива дека Џина Џиновиќ и нејзината мајка го одбрале хотелот „Four Seasons“, кој се смета за еден од најлуксузните во тој дел.

Сместен е на прекрасните брегови на Саронскиот Залив, а во близина е популарното одморалиште на езерото Вулагмени. Од историскиот центар на грчката престолнина е оддалечено само половина час. Оваа земја, инаку е една од омилените дестинации на Мелина и нејзиниот сопруг, пејачот Харис Џиновиќ, па затоа не може да не изненади фактот што токму таму реши да ја однесе и ќерка си.

Во продлжение погледнете како изгледа луксузниот хотел во кој престојуваа мајката и ќерката:

Инаку, Џина е многу активна на социјалните мрежи на кои секојдневно ја следат повеќе од 100.000 луѓе. Најактивна е на ТикТок, но може да се пофали и со завидна бројка на следбеници на Инстаграм - 39.000.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: