Ечеа песни на Детската улица во Аеродром: Дечињата од ООУ „Лазо Ангеловски“ нѐ потсетија на најголемите хитови на Тоше Проески(ВИДЕО)
Хорот составен од основците од ООУ „Лазо Ангеловски“ во чест на прерано починатата музичка ѕвезда Тоше Проески испеаја неколку негови песни.
Тие на Детската улица, поточно пред фонтаната со ликот на непрежалениот Тоше го пеат хитот „Излажи ме“. Со ова покажаа дека иако немале можност да се родат во времето кога Тоше создаваше музика, сепак многу добро се запознаени со неговиот лик и дело.
„Дечињата од ООУ „Лазо Ангеловски“ нѐ потсетуваат на најголемите хитови, како и трајните вредности оставени од големиот Тоше Проески. Едно од најубавите места во општината е Детската улица, каде засекогаш ќе се присетуваме на Тоше. Општина Аеродром се грижи неговите дела вечно да живеат во секој еден од нас.“ - стоеше во описот на видеото кое го објави општина Аеродром.
фото: Принтскрин / Фејсбук