Ед Ширан: Имам фобија од луѓе, ме сликаат додека јадам, како да сум животно во зоолошка...
Дека не е лесно да се живее под светлата на рефлекторите, докажува и познатиот пејач Ед Ширан. Во интервју, поврзано за неговиот нов албум „No.6 Collaborations Project“, за британскиот The Sun откри што се морал да направи поради притисоците од неговата популарност. Проговори за својата борба со менталното здравје и раскажува како секој ден има напади на паника. Ја изрази и својата фрустрација поради тоа што луѓето зборуваат со него само за да имаат слика, но призна и дека знае да се праша зошто неговата сопруга останува со него. Призна дека популарноста го одвоила од светот, па дека избегнува да излегува од дома.
„Имам социјална тегобија. Не сакам големи групи на луѓе што е иронично со оглед на тоа дека настапувам пред илјадници луѓе. Но, се чувствувам клаустрофобично кога се наоѓам со голем број луѓе. Немам проблем да разговарам со луѓето, но кога ме снимаат и се ѕверат во мене, се чувствувам чудно и понекогаш имам чувство дека не сум човек. Дури доколку никогаш не сме се запознале, само дојдете до мене и ќе започнеме да разговараме, но она што ме излудува е тоа да барате да се сликате по убав и удобен разговор“ - искрено призна познатиот пејач.
„Кога јадам во ресторант, со задоволство би сакал да имам приватна просторија, бидејќи во спротивно луѓето ме снимаат додека јадам. Се чувствувам како животно во зоолошка градина. Не сакам да се жалам, задоволен сум со својот приватен и професионален живот, но сакам да ги одбегнам наведените ситуации“ - додава Ед.
Никогаш досега, тој не споделувал толку приватни работи со јавноста. Рече дека проблемите всушност започнале по успехот на неговиот хит 'Shape of You', бидејќи дотогаш успевал да живее живот без рефлекторите. „Претходно живеев во Њујорк и излегував секоја вечер, но по таа песна дојде новиот момент на славата. Да живеев во Лондон и да се дружев со луѓето, немаше да бидам сигурен дали ми се пријатели поради мене самиот или поради тоа што сум популарен. Затоа се отселив“ - се присетува Ед Ширан.
Голем пресврт во неговиот живот се случи кога повторно стапи со контакт со симпатијата од детството, Чери. Се запознале кога имале 11 години, но по завршувањето на училиштето се разделиле. Чери се преселила во Америка, додека Ед останал во Велика Британија да работи на својата музика. По повторната средба во 2015 година, парот започна врска. Во февруари годинава, парот се венчаше на интимна церемонија на имањето на Ед.
„Постојано кога се будам, погледнувам во Чери и си мислам 'зошто си со мене?'. Може да биде со било кој, но ме одбрала мене. И кажувам работи кои не се добри за мене, но таа е и понатаму со мене. Таа не додава масло во огнот. Но мислам дека е слатко да мислиш дека личноста со која сте е над вашето ниво“ - раскажува Ед.