Ед Ширан, Тејлор Свифт и многу други ѕвезди измамени од една девојка: Лажела дека има тумор, а нивните пари ги трошела во Дизниленд

Ед Ширан, Тејлор Свифт и многу други ѕвезди измамени од една девојка: Лажела дека има тумор, а нивните пари ги трошела во Дизниленд

Објавена во: Совети // Семејство

Некои луѓе навистина немаат ниту минимум почит. Како што пренесува The Sun, сега е откриена измамата која ја најправила ученичката Меган Бари, трошејќи половина милион евра од ѕвездите и нивните обожаватели, кои ги добила на сметка на тоа што се преправала дека има тумор. Таа во 2012 година ја основала хуманитарната организација „Believe In Magic“ која би требало да помага на децата кои боледуваат од неизлечливи болести.

Како што се наведува, Меган за жал почина во 2018 година, но по објавените податоци, таа не починала од тумор, туку од проблеми со црниот дроб, кој предизвикал сопирање на работата на срцето. Меѓутоа, дури две по нејзината смрт, потврдено е дека Меган константно ги крадела парите од фондацијата кои ги уплатувале One Direction, Тејлор Свифт, Џеси Џеј, Фарел Вилијамс, Литл Микс, Ед Ширан и над илјадници обожаватели.

Таа така живеела во текот на годините, па дури изнајмувала и приватни авиони и деновите ги поминувала во Дизниленд. Од друга страна, во јавноста истакнувала дека одела во Америка да се лекува. Меѓутоа, она што го криела од јавноста се извештаите од лекарите, а кои велел дека со неа се е во ред. Откако била објавена радосната вест дека „оздравела“, Меган ја продолжила својата измама. Имено, во јануари 2015 година таа објавила дека туморот и се вратил, па извлекла уште 150.000 евра на овој начин. Како што се наведува, тогаш најголемиот дел од парите од својот џеб ги извадил Луис Томлинсон.

Таа беше толку успешна што доби и награда од тогашниот британски премиер Дејвид Камерон за голема помош на несреќните. Меѓутоа, родителите на другите деца кои имаат рак цело време забележувале дека нешто не е во ред, особено бидејќи Меган воопшто не го објавувала начинот на кој ги троши парите. Тие изнајмиле детектив на кој не му било тешко да утврди дека таа криејќи се престојувала во Дизниленд. Сепак, дури сега се појавија доволно докази за оваа хуманитарна организација да се затвори. Доколку Меган беше жива, сигурно ќе беше осудена на повеќегодишна казна.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: