Еден член ја напушти популарната женска група: Дали ова е крајот на Little Mix?
Дали ќе се стави крај и на оваа група?
Обожавателите нема да бидат пресреќни со информациите кои веќе некое време се шират. Иако прво само еден член од групата најави дека заминува од Little Mix, веќе се зборува дека тоа е крајот и дека и останатите девојки ќе започнат соло кариери.
Не се случила никаква кавга, ниту драма, туку едноставно живот. Еден од членовите, Џеси Нелсон ја објави тажната вест за сите обожаватели, дека поради здравствени причини ја напушта групата. По таа нејзина објава, дојдоа информациите дека и другите девојки планираат соло проекти и дека засега тоа е тоа до Little Mix. Никој се уште го нема преболено распаѓањето на One Direction, а сега е нов на пат.
Зад завесета, за ова се зборува веќе некое време и девојките почнаа да истражуваат во кој правец би можеле да се движат нивните соло кариери по распадот на групата. Кога ќе истече постоечкиот договор, тоа ќе биде тоа. Сепак, не е сè толку црно, бидејќи може да има надеж дека во иднина ќе имаме можност повторно да ги слушнеме и видиме девојките во оваа постава. Иако сега сакаат да се занимаваат со своите проекти, би можело да се склопи договор кој повторно ќе ги обедини, па дури и да одат на турнеја. Такво нешто е можно, особено затоа што се разделија без никакви кавги, всушност тие се поддржуваат меѓусебно и нема никаква омраза помеѓу нив.