Еден детаљ ги налути родителите ширум светот: Ќерката на Викторија Бекам во фустан кој предизвика лавина коментари (ФОТО)

Еден детаљ ги налути родителите ширум светот: Ќерката на Викторија Бекам во фустан кој предизвика лавина коментари (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Викторија Бекам често привлекува внимание со својот избор на облека, а овој пат тоа го направи со ќерката Харпер која има 11 години.

Викторија Бекам секогаш има специфични модни изданија и се труди да ја претстави својата колекција најдобро што може, а овој пат на нејзината ревија во Париз присуствуваше и 11-годишната Харпер.

Девојчето се појави во фустан кој има длабоко деколте и е украсен со тантела, а многу родители на социјалните мрежи тоа го окарактеризираа како непримерно. Некои дури се согласија дека таквиот модел наликува на неглиже и воопшто не му одговара на детето.

Мрежите дополнително се вознемирија бидејќи на истиот настан Викторија се појави во затворен фустан, па сите се прашуваат зошто така ја облекла ќерка си.


Малото девојче, освен со татко ѝ, Дејвид Бекам и Ана Винтур, позираше и со Џиџи и Бела Хадид, а во таа прилика најмногу се истакна нејзиниот фустан. 


Инаку, Викторија буквално блесна во црна комбинација со шлиц ракави и ефектни чизми кои личат на чорапи.


Харпер веќе има стил кој многу потсетува на нејзината мајка, познатата дизајнерка, а на ревијата како и секогаш присуствуваше целото нејзино семејство.

извор:GLOSSY

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: