Еден детаљ откри сè: Кајли Џенер не сака да го соопшти полот на бебето, но на обожавателите ништо не може да им побегне
Сакаше да сокрие од јавноста дека е бремена, но нејзините следбеници ѝ ја открија тајната, а изгледа дека тоа е случај и со полот на бебето...
Извор близок на 24-годишната Кајли Џенер за „People“ откри дека таа знае кој е полот на нејзиното второ дете, но дека тоа сака да го задржи за себе. Меѓутоа, нејзините следбеници веднаш се „фрлија на работа“: трагите почнаа да ги бараат на нејзиниот Инстаграм профил и сега се убедени дека Кајли ќе роди момче.
Имено, Кјали неодамна ја сподели најавата за својата нова колекција производи за нега на кожа за бебиња, „Kylie Baby“, а во таа прилика видео производот е на свелосина пзоадина. Сепак, тоа не мора ништо да значи, бидејќи нејзината линија најверојатно ќе се состои од прозиводи и во розе и во сина боја, како што е обичај, кога е детската колекција во прашање.
Меѓутоа, нејзините следбеници, веќе се покажаа како одлични детективи со тоа што ја открија бременоста по она што таа го споделува на социјалните мрежи, а потоа и самата таа потврди дека ќе стане мајка по втор пат.