Еден детаљ открива: Дали Кајли Џенер е навистина повторно бремена?

Еден детаљ открива: Дали Кајли Џенер е навистина повторно бремена?

Објавена во: Совети // Семејство

Ријалити sвездата и бизнисменка Кајли Џенер успешно ја криеше првата бременост од медиумите до самиот крај, а нејзините обожаватели веруваат дека таа моментално го повторува истото!

Фановите на Кајли Џенер се убедени дека е бремена!

Кајли пред неколку дена го прослави својот 24 -ти роденден, а по тој повод сподели неколку фотографии на Инстаграм и, ако ги прашате нејзините следбеници, ова се стари кадри. Најмладиот член на кланот Кардашијан-Џенер позираше во лимета зелен фустан и објави фотографии на кои се гледа како наздравува, наводно, на нејзината прослава.

Сепак, нејзините обожаватели забележаа дека Кајли нема ист маникир на фотографијата каде што стои пред куќата со чаша во раката и онаа каде што наздравува (сама, иако има неколку чаши на масата.

Една ТикТокерка сними видео во кое објаснува зошто е сигурна дека Џенер ја крие бременоста. Имено, на една од фотографиите Кајли има зелени врвови за нокти, а на оние каде што се гледа целата нејзина фигура, тие не изгледаат така.

„Кајли е бремена! Никогаш повеќе од еден месец немала исти нокти, а сега се гледа нејзиниот труднички стомак и нема да објавува понови фотографии“ - тврди оваа обожавателка за ријалити убавицата. - „Такви ѝ беа ноктите на 15 јуни.“

Како што забележа другата девојка која го следи животот на Кајли Џенер, никој што наводно присуствувал на нејзината роденденска забава не споделил фотографија или видео од прославата, ниту семејството на Кајли, ниту пријателите, и ако знаеме нешто за Кардашијанс и Џенер - тоа е дека со задоволство ќе го споделат со нас секој детал од прославата!

Покрај тоа, Кајли е позната по гламурозните забави по повод нејзиниот роденден, а оваа година тврди дека го прославила 24 -от со бранч и фотографирање со своите најблиски.

Ријалити ѕвездата, инаку, неодамна е неразделна од раперот Тревис Скот, со кого ја има ќерката Сторми, но двојката сѐуште официјално не потврди дека се смириле.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: