Еден детаљ предизвика лавина од коментари на Инстаграм: Се вери ли Џејла Рамовиќ?

Еден детаљ предизвика лавина од коментари на Инстаграм: Се вери ли Џејла Рамовиќ?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Љубовниот живот на Џејла Рамовиќ е една голема мистерија за сите кои ја следат нејзината работа и ја сакаат нејзината музика, но како што изгледа, на пат е голема промена.

Џејла Рамовиќ е млада пејачка која вртоглаво напредува кон самиот врв на естрадата, но нејзиниот љубовен живот и понатаму е мистерија, бидејќи никогаш не потврдила дека е заљубена.

Младата надеж со регионалниот хит „Руине“ ја оправда довербата на сите членови на жирито кои со своето гласање ја доведоа до победата на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Својот приватен живот сака „со сите сили“ да го задржи за себе, иако медиумите копнеат по тоа барем малку да ѕирнат во него.

Иако Џејла кон крајот на минатата година, екслузивно за „Story“ кажа дека сѐ уште не ѝ е време за љубов, можеби ситуацијата е малку променета, бидејќи на Инстаграм се појави фотографија на која, можеби се октрива нејзиниот љубовен статус.

Додека позираше во огледало со својот миленик, на раката ѝ блеска прстен кој изгледа како да е веренички.

Иако оваа фотографија предизвика лавина коментари со прашања од типот дали оваа убава пејачка се верила, на ништо од ова таа не реагираше. Дали е во план венчавка или по игра на случајност го носи прстенот на тој прст, ќе дознаеме наскоро.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: