Еден момент го чинеше живот, денес ќе наполнеше 30 години: Џон Траволта со емотивна порака за својот покоен син
Секоја година, актерот Џон Траволта споделува трогателни пораки на денот на роденденот на неговиот прерано починат син.
Холивудскиот актер Џон Траволта (68) објави емотивна порака на Инстаграм по повод роденденот на неговиот покоен син Џет.
Тој сподели фотографија со Џет, велејќи:
- Најдраг моја Џет, ми недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден, те сака татко ти.
Голем број познати личности изразија љубов и сочувство кон семејството Траволта, а среќен роденден му посака и ќерката на актерот, Ела (22).
Траволта го доби Џет со актерката Кели Престон, која почина во јули 2020 година од рак на дојка. Покрај Ела и Џет, парот го доби и синот Бенџамин.
Џет Траволта, најстариот од нивните деца, почина во 2009 година, на 16-годишна возраст, за време на семеен одмор на Бахамите. Тој доживеа напад кој беше фатален за неговиот живот и покрај обидите на семејството да го оживее.
Џет боледувал од Кавасаки болест и претрпел напади. Наводно при еден напад паднал и си ја повредил главата, а собарката во лоша состојба го однела во бањата, по што повикала помош, но додека стигнал во болница, Џет бил прогласен за мртов.
- Тоа е најлошото нешто што ми се случило. Да бидам искрен, не бев сигурен дали ќе го преживеам тоа – призна подоцна актерот.
Дури по неговата смрт било откриено дека има аутизам, што подоцна го потврдија и актерите.
Парот го преброди овој многу тежок заеднички период, а пред три години дадоа заедничко интервју во кое коментираа како нивната љубов преживеала сите овие години. Но за жал, пред две години почина и Кели.
извор:GLOSSY