Еден поинаков 1 септември: Марио Арангеловски ја покажа тажната вистина
Досега секоја година на овој ден училиштата, градовите и селата ширум нашата држава беа исполнети со детскиот џагор. Основници, средношколци, но и оние најмалите кои одат во градинка денес го означуваа старот на новата учебна година. За некои ова беше ново поглавје во животот, за други продолжување на една убава приказна, полна со многу авантури.
Но, пандемина си го направи своето, а данокот го наплати и кај најмладите. Талентираниот уметник Марио Арангеловски, сподели фотографија со која ги разнежни своите следбеници, но и сите корисници на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, на фотографијата тој седи сам помеѓу неколку столчиња наредени според препорачаните мерки. Иако не откри поради кој повод вака се наместени училишните столчиња, описот на фотографијата беше доволен за да се сфати.
„Тажната вистина“ - напиша Марио.