Еден сребрен и 5 бронзени медали за Македнија на Олимпијадата по природни науки: Во Дубаи шест пати се вееше македонското знаме

Еден сребрен и 5 бронзени медали за Македнија на Олимпијадата по природни науки: Во Дубаи шест пати се вееше македонското знаме

Објавена во: Совети // School zone

Во конкуренција од 360 натпреварувачи, од 59 држави, македонските претставници на Олимпијадата по природни науки освоија шест медали.

Олимпијадата се одржуваше во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а оваа вест ја споделија од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ).

Алексиј Тасиќ од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје освои сребро, а неговите соученици Андреј Стојановски и Матеа Митревска бронза. Со бронза се закитија и Иван Костевски и Марио Ванчоски од УСП „Славчо Стојменски“ од Штип и Теона Ана Георгиевска од ООУ „Љубен Лапе“ од општина Аеродром, Скопје.

„Создаваме вредности! Честитки за учениците и целиот тим (организација на натпревари по физика, хемија и биологија, подготовки на ПМФ, лидери, набљудувачи, надгледувачи во хотел, техничка поддршка...)“ - посочија од ДФРМ на нивниот Фејсбук профил.



Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: