Единствениот добар актер во филмот беше коњот: Ренцезиите и критиките за новата романтична комедија се брутални

Единствениот добар актер во филмот беше коњот: Ренцезиите и критиките за новата романтична комедија се брутални

Објавена во: Stars // Филм

Сите „удрија“ по дебитантскиот филм на една од најпознатите ТикТокерки на светот...

Првенствено, оваа инфлуенсерка сакаше да биде пејачка, па сите ја исмеаја штом излезе спотот и почнаа да се шегуваат со неа. Потоа одлучи дека сака да биде актерка и доби улога во филмот „He's All That“, кој требаше да биде римејк на познатиот класик „She's All That“. Во теорија звучи добро, но во пракса... Адисон повторно потфрли. Филмот пред неколку дена излезе на Фејсбук, а сите ги интересираше како изгледа. Некое време е на трендинг како најгледан, но рецензиите на гледачите се брутални. На Imdb има 4.4 оценка, а дека филмот е добар тешко дека ќе слушнеш. Некои коментираа дека единствен добар актер во филмот е коњот.


Би се случило ли истото доколку наместо инфлуенсерката ставеа вистинска актерка да ја има главната улога? Кој знае, но вака испадна дека е само уште еден материјал за исмејување и филм кој секогаш ќе се наоѓа на листите со „Филмови на кои не вреди да се губи времето“. Освен публиката, дури и професионалните критичари немаа пофални зборови. Единствено нешто што пофалија беше хемијата помеѓу главните актери. Што е и очекувано, бидејќи Адисон во една прилика призна дека таа и нејзиниот колега Танер Бјукенан на паузите го вежбале бакнувањето, за кога и да дојде времето за таа сцена да изгледаат што поубедливо. Дали веќе го погледнавте овој филм? Доколку барате типична романтична комендија која не треба да ја гледаш со многу концетрација и која ќе ти го потполни времето, тогаш ова е таа. Доколку очекуваш одличен филм, тогаш заобиколи го „He's All That“.

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: