Една фотографија го потсети дека има ќерка: Том Круз по 8 години сака да го обнови контактот со Сури

Една фотографија го потсети дека има ќерка: Том Круз по 8 години сака да го обнови контактот со Сури

Објавена во: Живот // Живот

Актерот е припадник на Скиентолошката црква, која забранува интеракција со луѓе кои не се блиски со неа...

Актерот Том Круз со денецении е еден од најистакнатите членови на контроверзната Скиентолошката црква. Поради припаѓањето во овој религиски проект, актерот изгуби два брака, прво со Никол Кидман, а потоа и со Кејт Холмс. Од бракот со Холмс ја има ќерката Сури која има 14 години, а која не ја видел нешто помалку од една деценија, поточно од 2012 година, токму поради догмата што ја проповеда неговата црква.

Меѓутоа, како што пренесуваат странските медиуми, Круз сега изразил желба да го обнови контактот со ќерката, бидејќи видел нејзини фотографии. Близок пријател на актерот изјави дека Том дури размислувал да ја напушти верата, за повторно да биде со своето дете.

Исто така, се наведува дека Сури ги пронашла писмата кои Том со години ѝ ги испраќал, а кои Кејт ги криела од неа. Бидејќи ги прочитала, изразила желба да го види татко си.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: