Една фотографија од нејзиното детство е посебна: Сара од „Хјурикејн“ која се нарекува Афросрбинка го отвори семејниот албум (ФОТО)
Новата постава на групата „Хјурикејн“ привлече големо внимание, иако уште ги нема претставено новите песни, ниту пак имала некој настап. Миона, Јована и Сара, за медиумите веќе истакнаа се подготвени на тоа медиумите да „копаат“ по нивниот приватен живот.
Сара Курума привлече најголемо внимане, а интересно е дека се претставува себе како Афросрбинка.
Како што раскажа во една прилика, нејзината мајка е по потекло од Косово, а татко ѝ од Африка, поточно Гвинеја. Родена е во Белград, каде завршила музичка гимназија и средно музичко училиште, а за „24седам“ го отвори својот семеен албум.
Помеѓу фотографии од нејзиното најрано детство е и онаа од музичкото училиште, а една од најинтересните е онаа на која е фотографирана со Дедо Мраз.
Интересно е дека Сара тренирала атлетика 9 години и фудбал 3 години, но на крајот љубовта кон музиката победила, па така стана новиот член на групата „Хјурикејн“.
фото: Принтскрин / Инстаграм