Една година без миленикот на славејчињата: Нов постхуман албум од Влатче!
Пред една година со брзина на светлина се рашири веста за прераната смрт на миленикот на златните славејчи. Влатко Илиевски на 33 години трагично го загуби својот живот и зад себе освен семејството и пријатели, ги остави ожалостени и неговите бројни обожаватели.
Тој долги години го водеше детскиот фестивал „Златко славејче“ и за време на концертите на славејчињата им беше најдобар другар. Тие во име негово име објавија и песна за него, која не може, а да не побуди емоции.
Но, приказната на плавоокото момче не заврши со неговата смрт. Неговите песни се уште се пуштаат на радио станиците, неговите пријатели се сеќаваат на него, а неговите обожаватели со нетрпение го очекуваат постхуманиот албум кој требало да биде објавен во скоро време.