Една особено го уништува сонот: Која боја никогаш не треба да ја имаш на ѕидовите од собата?
Оваа треба секогаш да ја избегнуваш кога е спалната соба во прашање...
Секогаш размислуваме за она што би молеже да го направиме во собата за малку да ја промениме или како би и помогнале да се промени. Промената на бојата на ѕидовите бара многу работа, но исто така е и најголема промена која можеш да ја направиш, а да потрошиш најмалку пари. Да одлучиш која боја да ја ставиш на ѕидот е следниот проблем кој се јавува, ако се одлучиш за оваа опција. Некако обичната бела звучи здодевно, па затоа секогаш гледаме некои светли и поинакви нијанси. Ако го имаш и ти тој проблем, тогаш треба да знаеш дека една боја не би требало никогаш да ја ставаш на ѕидовите на собата. Тоа е ЦРВЕНАТА!
Експертите кои се занимаваат со уредување на домови за Tylu раскажаа и зошто оваа боја е толку проблематична за во спалната. Со оглед на тоа дека боите може да имаат големо влијание на нашето расположение, треба да ги одбираме внимателно. Црвената изгледа како нешто што отскокнува и нешто што е весело. Но, не е така. Со оглед на тоа дека станува збор за просторија во која треба да се опуштиш и одмориш, црвената не е добар избор, како ни портокаловата, бидејќи тие се премногу светли и ќе му пречат на твојот мозок при опуштањето. Од друга страна, ако не знаеш која да ја одбереш, одбери сина нијанса, бидејќи истата опушта и е секогаш добар избор.
фото: L Julia / Shutterstock