Една сака да биде слаба како децата од Африка, друга сака да јаде шолја: Бисери на познатите личности кои го шокираа светот

Една сака да биде слаба како децата од Африка, друга сака да јаде шолја: Бисери на познатите личности кои го шокираа светот

Објавена во: Stars // Музика

Мислите дека само балканските познати ѕвезди се полни со бисери? Епа, не е така. Холивудските ѕвезди се многу полоши.

Бритни Спирс, на пример, не е баш најдобар познавач на географијата, што потврди кога зборуваше за дестинациите на кои патувала, пишува „Курир“.

„Никогаш не сакав да одам во Јапонија. Едноставно, не сакам риба, а таа е многу популарна таму во Африка“.

Ова не е единствениот испад на пејачката. Пред неколку години ја коментираше смртната казна и кажа дека се залага за неа.

„Јас сум апсолутно за смртната казна. Оној кој ќе направи ужасно злосторство, мора да биде казнет како што треба. Така ќе ја научи лекцијата за следениот пат“ - изјави тогаш Бритни.

Мараја Кери се издвои со изјавата: „Какво училиште? Јас душо, снимав плочи“ и многумина помислија дека таа не може да изјави нешто полошо од ова. Меѓутоа, таа ги демантираше сите. Пејачката коментираше колку тешко ѝ паѓа кога ги гледа гладните деца во Африка, а потоа изненади со изјавата.

„Многу ми е тешко кога ги гледам тие сироти, изгладнети деца ширум светот. Не можам да престанам да плачам. Мислам, и јас би сакала да бидам слаба како нив, но без сите тие болести, смрт и останати работи“ - кажа своевремено Мараја и се соочи со многубројни критики.

Џастин Бибер и не е некој пример на своите обожаватели, особено бидејќи основното познавање на географијата не му е баш силна страна.

За време на едно гостување, Бибер се пофали дека ги посетил сите континенти, а кога водителот го праша колку континенти има, тој се збуни.

„Азија, Северна Америка, Јужна Америка, Африна, Антарктик и Северниот пол“ - одговори Бибер и предизвика подсмев во емисијата.


Кога во една прилика ја прашаа Деми Ловато кое ѝ е омилено јадење - dish (анг. јадење, но и сад), таа изненади со одговорот.

„Сакам шолји, бидејќи се многу удобни и најлесно се држат во рака поради рачките и кога е нешто врело во нив, како кафе или чај, не мора да ги фаќате директно, бидејќи имаат рачка“ - кажа Деми. Ова видео стана вирално, а нејзините пријатели и денес ѝ се смеат поради овој испад, додека таа тврди дека се шегувала и дека намерно го кажала тоа.


Лејди Гага често ни самата не знае што сакала да каже.

Така, во една прилика го кажа своето мислење за тоа како треба да изгледа една заводлива жена. И погодете што? Мислиме дека не се разбра ниту самата себе.

„Мислам дека жените не би требало да мирисаат интересно. Јас имам интересен ум, но не сакам да мирисам како ку*ва, да бидам искрена.“ 

Ким Кардашијан често има бисери, но една нејзина изјава ја изреволтира јавноста толку што никако не можеше да се искупи.

„Денес запознав девојка која боледува од рак и зборувавме за тоа колку ѝ е тешко во моментов. Но, тоа ја научило на една важна лекција, кои ѝ се вистински пријатели, како и за многу други работи во животот. Има 18 години... Сфатив дека се чувствувам исто како неа...“ - шокираше Ким.

Пејачката со потекло од Косово, Рита Ора предизвика подсмев кај публиката и гледачи, бидејќи не знае доволно за својата област, музиката.

Во една емисија Рита доби прашање во кое беше споменат дувачкиот инструмент туба, а таа збунето гледаше во белешката.

„Јас дури не знам ни што е ова. Некоја туба. Што е тоа?“ - праша Рита, додека водителот ја гледаше со неверување, а членот на бендот во студиото кој свири туба, беше во апсолутен шок.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: