Еднаквоста пред сè: Момчиња облекоа здолништа поради една важна работа, пораката не смеете да ја пропуштите
Основно училиште во Шкотска сака да промовира еднаквост, па така испратило официјално известување дека би било убаво кога сите деца, вклучувајќи ги и момчињата, би дошле на училиште во здолништа. На овој начин, училиштето сака да ја промовира еднаквоста на половите.
Мејлот со ваквата содржина им стигнал на сите родители чии дека го посетуваат ова училиште, а во него пишувало дека училиштето сака да промовира еднаквост и дека затоа сите деца би требало да дојдат во здолништа. Сепак целта било на учиниците да им биде пријатно, па така под здолништата можеле да облечат хеланки или панталони, а исто така сите оние кои немаат ќе добијат во училиште, пишува „Noizz“.
„Сакаме да им покажеме на учениците дека облеката нема пол и дека можат да носат што ѝ да посакаат за да се изразат себе на најдобриот начин“ - пишувало во пораката, која била испратена до родителите.
Идејата се родила минатата година, кога еден ученик во Шпанија бил испратен кај психолог и подоцна бил исфрлен од училиште бидејќи облекол здолниште. По протестот каде сите ученици се појавиле во традиционална женска униформа во знак на поддршка на тоа момче, тој ден бил прогласен за Ден на здолништата.
„Денес е ден за носење здолништа и основното училиште Кеслвју од Едингур ги охрабрува сите ученици и наставници да дојдат во здолнита за да се отстранат половите стереотипи и да се промовира еднаквоста“ - беше напиша на профилот на „BBC Scotland“ на Твитер.
До оваа идеја наводно дошле самите ученици од петто одделение. Коментарите за целата оваа ситуација варираат од пораки за поддршка до осудување.
„Кеслвју мора да најде нов директор, бидејќи учителите се тука да ги учат децата, а не за да постојано замараат за половите“ - напиша еден корисник на Твитер.
Еден родител се сложи со децата и ги поддржа: „Мојот син оди во ова училиште и одлучи да носи здолнипте. Овие деца би требало да бидат пофалени, а не критикувани. Не можам да верувам какви малоумни коментари луѓето оставаа. Горда сум на училиштето и на децата, бидејќи покриваат многу важни теми.“
Управата на градот Единбур се согласува со учениците и на својот Твитер профил изјавија дека ги поддржуваат и дека целиот град е апсолутно фокусиран на еднаквоста и нејзината промоција. Исто така е наведено дека учениците кои не сакаат да учествуваат во иницијативата, не мораат.
Wow great. Not only girls, but boys are also allowed to wear skirts at a Taiwan school. All schools should have a gender neutral uniform plan. pic.twitter.com/4xyf5cGvFl
— taslima nasreen (@taslimanasreen) July 25, 2019
На децата на Тајван им е дозволено, уште од 2019 година, на училиште да одат и во здолништа доколку тие одговараат на училишната униформа. Училиштата во оваа источноазиска земја не го промовирале носењето на здолништата, туку го почитуваат сечие право на избор и затоа е укината забраната.