„Едната дипломираше, другата да е жива и здрава“: Сестрата на Лина Пејовска прослави дипломирање, па пејачката се пошегува на сопствена сметка (ФОТО)
Младата пејачка Лина Пејовска има поголема сестра, Христина, која неодамна наполни 22 години.
Сега Христина заврши уште едно важно поглавје во животот.
Имено, таа дипломираше и ги заврши студиите, па по тој повод смејството Пејовски имаше дипломска прослава за Христина.
Лина објави фотки од прославата, а во описот на фотографиите се пошегува на сопствена сметка, па напиша:
„Едната дипломираше, другата да е жива и здрава“.
- Така е ќерка, да си ми жива и здрава - се согласи мајката на Лина во коментар.
Инаку убавата Христина за оваа посебна прилика носела светкав сребрен фустан со впечатливи ракавици.Лина исто така носи уникатен комбинезон.