Сè што си посакувам на себе, ти посакувам и на тебе: Лина Пејовска со емотивна порака за роденденот на сестра ѝ (ФОТО)
За талентот и изгледот на младата пејачка Лина Пејовска нема потреба да се дискутира. Таа е една од најпопуларните, но и најследените нови ѕвезди на македоското музичко небо.
Со своите скоро 66.000 следбеници постојано споделува фотографии, како од задолжителните фотосесии, така и од својот приватен живот. Помеѓу последните објави е и онаа со нејзината постара сестра Христина Пејовска, која пред 2 дена наполни 22 години.
На едната фотка двете сестри имаат направено селфи, додека на другата, Христина позира покрај подароците и роденденската торта.
„Сè што си посакувам на себе, ти посакувам и на тебе, среќен роденден, те сакам до небото и назад.“ - напиша младата пејачка покрај објавата на која собра голем број лајкови и коментари.
Инаку, мора да признаеме дека порано Лина и нејзината постара сестра наликуваа повеќе една на друга. Можеби откако сестра ѝ ја промени бојата на косата, нема да имате таков впечаток, но оние кои ги знаат велат дека се навистина како близначки.
фото: Принтскрин / Инстаграм