Едниот е фудбалер, другиот пилот: Синовите на Лидија Вукичевиќ ја имаат наследено убавината од мајка им (ФОТО)
Наследниците на на Лидија се многу успешни во својата работа, а актерката често истакнува колку е горда на нив...
Познатата актерка Лидија Вукичевиќ има два сина Андреј и Давид, кои се нејзиното најголемо богатство, а ги доби во бракот со поранешниот сопруг Митар Мркела.
Покрај тоа што убавината ја имаат наследено од мајка им, наследниците на Лидија се многу успешни во својата работа, а актерката често истакнува колку е горда на нив.
Постариот син Андреј е успешен фудбалер, беше и член на репрезентацијата на Србија до 21 година.
Андреј беше член на неколку фудбалски клубови во Србија, а потоа запиша минути во турскиот „Ешкихекир“, „Спартак“, „Бежанија“ и на крајот во „Темипвар“, кој е неговиот последен клуб во кариерата.
Лидија може да се гордее и со помладиот наследник, Давид, кој е пилот и неговата работа важи за една од на добро платените и за кои обично сонуваат сите момчиња.
Актерката во една прилика зборуваше за тоа како ги воспитала своите синови.
„Не можете децата да ги воспитувате тогаш ќе почнат да наоѓаат девојки, кога ќе почнат да наоѓаат друштво. Доцна е. Детето се воспитува оној момент кога ќе го добиете, кога ќе го довете дома од болница. Верувајте ми. Апсолутно ви кажувам од свое искуство. Мојот син Давид, кога беше бебе, кога ќе го изгасневме светлото почнуваше да плаче, а кога ќе запалевме стануваше. Јас полека го удирав по газето, малку, онака, молчи, не смееш да плачеш. Верувајте, потоа јас ќе го изгасев светлото, тој не плачеше. Морате да ја развиете таа комуникација уште додека е бебе“ - кажа порано Лидија.
„Не сум онаа мајка која не им се посветува на децата. Мојата мајка зборуваше „Ги носиш насекаде, како пилиња“. И точно е, јас своите деца ги носев секаде и секогаш беа со мене. Дури, по разводот 10 години никаде не излегував, моето старо маало го знае тоа. Се посветив на децата, од нивното раѓање, за да имам увид и за да знам што можам да очекувам од нив. Затоа вие сте надзорник низ целиот живот. Без наметнување“ - кажа тогаш таа.
фото: Принтскрин / Инстаграм