Едниот син го закопа, другиот му го расипува имиџот: Што е со ќерката на Џо Бајден?

Едниот син го закопа, другиот му го расипува имиџот: Што е со ќерката на Џо Бајден?

Објавена во: Живот // Живот

Хантер Бајден заврши исто како и неговиот татко Џо, со тоа што има турбулентен приватен живот, а Доналд Трамп алудираше на неговите сомнителни бизниси.

Џо Бајден победи на изборите за американски претседател, а многумина сметаат дека на таа функција голем товар ќе му биде неговиот син Хантер.

50 - годишниот адвокат крена голема прашина со својот приватен живот. Од 2019 година е во брак со Мелиса Коен и тоа му е втор брак, а пред неколку месеци добија и дете.

Неговиот прв брак беше со адвокатката Кејтлин Бајден, со која го доби синот Финеган и ќерките Мејси и Наоми, на која ѝ даде име по неговата покојна сестра која настрадала во несреќа кога имал една година.

Хантер ја шокираше јавноста во 2017 година кога се појавија информации дека е во близок однос со Хали Бајден, вдовицата на својот покоен брат Боа, кој почина од тумор на мозокот во 2015 година. Според пишувањата на американските медиуми, тоа го одобриле неговиот татко Џо и маќеа Џил, а романсата започнала во 2016 година по смртта на Боа. Нивната врска се распаднала во 2019.

Хантер е коосновач на компанијата Rosemont Seneca Partner, а од 2014 до 2019 година работел во украинска компанија за произведување на плин, „Burisma Holdings“ и бил во центарот на вниманието на десничарските заговори. Освен тоа бил член на управата на шангајската компанија за управување со капитални вложувања BHR, а Доналд Трамп алудираше дека неговиот татко Џо ја користел својата политичка положба за да му угоди на својот син и го поттикнал државниот обвинител да започне истрага за неговите патувања во странство.

Хантер порано се бореше со зависност од алкохол и дрога, а во 2015 година беше среде скандал кога неговата емаил адреса с енајде на листата клиенти  на страницата за вомбрачни врски, Ешли Мадисон. Петтото вонбрачно дете г одоби со Лунден Алексис Робертс. Таа е стриптизерка, како што пишуваат странските медиуми, а татковството е потврдено на суд во Арканзас минатата година. 

Додека Хантер крева прашина на својот приватен и деловен живот, неговата полусестра Ешли, која Џо ја доби со сопругата Џил, има завидна биографија зад себе. По професија е социјален работник, а јавноста ја запозна кога нејзиниот татко беше на должноста потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама.

Се занимава со активизам и моден дизајн, а порано откри дека во раната младост создава страст кон државните активности, што не е ни чудно, бидејќи нејзиниот татко е цел живот во политиката. „Мојот татко е јавен службеник до крајот на животот, мама професорка во државно училиште, тоа е во моето ДНК“ - објасни Ешли во 2017 во едно интервју.

Студирала културна антропологија на Универзитетот Тулан, а дипломата за социјална работа ја добила на универзитетот во Пенсилванија и била една од 12 - те студенти кои освоиле награда John Hope Franklin за борба против расизмот. Работела во Правниот центар во Делавер, фокусот ѝ бил на кривичното право, а во 2014 година дошла на позицијата извршен директор на таа установа.

Ешли 15 години била социјален рбаотник во Одделот за помош на деца, млади и нивните семејства. Со тоа смислила програма за малолетници, згрижувачки семејства за поддршка на менталното здравје.

Нејзиниот активизам се разбудил уште во основно училиште. Кога била четврто одделение, дознала дека нејзиниот омилен бренд за сјај за усни Bonne Bell ќе ги тестира своите производи на животни. Набрзо смислила кампања против таквиот начин на работа.

Ешли се ангажирала и во помагањето за стасување на делфини и од својот татко Џо побарала поддршка. Му ја презентирала својата програма и го убедила да се заложи за тоа кај тогашниот конгресменка Барбара Боксер. Ешли дури се појавила пред членовите на Конгресот за да го поттикне донесувањето на законот, кој конечно е направен во 1991 и помогнал во заштита на делфините.

Сестраната ќерка на Бајден започнала и свој моден бренд „Livelihood“ чија главна цел била борбата против расната нееднаквост и нееднаквите примања, а преку него го поддржала и движењето „Black Lives Matter“.

„Горд сум на неа, од третата година сака да го промени светот“ - ја пофали Џо  својата ќерка. ТАа се активираше и во претседателската кампања на својот татко.

„Денес сум овде бидејќи го обожувам својот татко, но исто така, длабоко верувам дека тој има карактер и визија за тоа како треба да ја води оваа држава“ - раскажа Ешли во август кога беше домаќин на настанот „Жените за Бајден“.

Многу е блиска со полубратот Хантер, а таков однос имала и со починатиот Боа. Еднаш истакна дека нема посилна врска од онаа која ги спојува сестрата и браќата.

Преку покојниот Боа се запознала со својот сопруг, оториноларинголог и пластичен хирург Хауард Креин, за која се омажи во 2012 година. Нејзиниот татко еднаш покажа што мисли за нејзиниот маж. „Тој е вистинското момче“ - нагласи.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: