Едно има скоро 150 милиони прегледи: Кое е најгледаното видео на Јутјуб за 2021 година?
Дали го имате погледнато?
Сите денес сакаат да бидат јутјубери, но само неколкумина успеаја да бидат популарни во тоа за видеата да им имаат милионски прегледи. Некои со своите содржини ги поместуваат границите и одат чекор понатаму, во лудоста и креативноста.
Јутјуб почна да ги открива своите годишни статистики за 2021 година, а една која е најинтересна е онаа која открива кое е најгледаното видео. Постои посебна листа за популарноста на музичките видеа, а посебна за оние во трендинг, каде припаѓаат сите можни категории. Најпопуларното видео во трендинг, она кое го изгледале најголем број на луѓе, му припаѓа на јутјуберот MrBeast, пишува „Popcrush“. Станува збор за видеото под назив „I Spent 50 Hours Buried Alive“, во кое јутјуберот го направи токму она што го кажува насловот - побарал од неговите пријатели да го закопаат жив и го снимаше времето поминато во ковчег под земја.
Дефинитивно необична и малку луда идеја, но лудоста некогаш вреди. MrBeast е веќе познат по своите малку „луди“ видеа, а ова е едно кое оваа година беше најпопуларно и собра скоро 150 милиони прегледи. Понеобичното и побизарно видео не е толку лесно да се пронајде.
На второ место е јутјуберот Марк Робер, кој ловеше измамници кои се обидуваат да ги измамат луѓето и да извлечат пари од нив.
На третото место на трендинг на Јутјуб во категоријата најгледани видеа, оваа година се најде и еден „Minecraft gameplay“ со 27 милиони прегледи.
Како и да е, ниту едно видео не може да му се приближи на она на MrBeast, а единствени други видеа со повеќе прегледи се спотовите и настапите на познатите музичари, што е сосема друга категорија.