Едно „не“, Марк Закерберг го чинеше 19 милијарди долари: Најдобрата мотивациска приказна која ќе ја слушнете

Едно „не“, Марк Закерберг го чинеше 19 милијарди долари: Најдобрата мотивациска приказна која ќе ја слушнете

Објавена во: Живот // Живот

Приказната за Брајан Актон и Јан Кум, кои добро му го наплатија на Закерберг фактот дека не ги вработил е очигледен пример дека никогаш не треба да се предаваме, а пред се да кренеме раце од себе.

Две години по заминувањето од компанијата „Yahoo!“, каде беше еден од првите вработени и работеше 11 години, Актон вршеше разни работни места во стартапите на Силициумската долина, но беше одбиен од големите компании како Фејсбук и Твитер.

Беше прилично исцрпен и уплашен. Имал скоро 40 години и чувствувал дека пред него се затворале сите врати.

Покрај тоа, одбивањето се обидел да го направи во своја корист.

„Тоа беше одлична можност да се поврзам со некои прекрасни луѓе. Се радувам на следната авантура“ - напиша на Твитер по негативниот одговор од Фејсбук.

Благодарејќи на непоколебливоста и оптимизмот, стана основач на една компанија, при што за својата работа не примаше плата.

Меѓутоа, на крајот тоа му се исплатеше.

Неколку години подоцна Брајан и Јан Кум, кој исто така е одбиен во Фејсбук, ја основале компанијата „WhatsApp“ и ја продале на Фејсбук за 19 милијарди долари, со што неговиот дел достигнал нето вредност од четири милијарди долари. Станале „резиденти“ на листата на најбогати на „Форбс“.

Според тоа: Не предавајте се, дури и да сте „престари“, „доколку ви поминале најдобрите години“ или доколку сте „уморни“.

На оваа приказна не потсети омилениот српски психотерапевт Владимир Ѓуриќ и нејзината порака е дека човекот никогаш не знае што ќе му се случи... освен, доколку престане да се обидува.

Доколку се откажете, може да бидете сигурни дека сите ваши стравови ќе се остварат: ќе бидете заборавени, времето ќе ве прегази и никогаш нема да имате нова шанса.

Додека се обидувате, добрите работи ќе се случуваат. Порано или подоцна, коцките ќе се склопат и среќата заслужено ќе ви се насмевне, а најдобро е тоа што ќе почувствувате задоволство поради тоа што сте се ценеле себе и сте си ја пружиле шансата која ја заслужувате.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: