Едно ТикТок видео откри сѐ: Во какви односи се Кендал и Кајли Џенер?

Едно ТикТок видео откри сѐ: Во какви односи се Кендал и Кајли Џенер?

Објавена во: Совети // Семејство

Кендал и Кајли Џенер објавија видео на ТикТок и тоа на Денот на благодарноста во кое одговорија на еден предизвик, а од многуте зададени опции во предизвикот ги открија и своите склоности кон момчињата! Додека Кајли срамежливо ги избра раперите што и не е толку изненадувачки, бидејќи со еден од нив ја има ќерката Сторми, Кендал сепак се одлучи за кошаркарите со кои и претходно беше поврзувана.

Кога требаше да ја одберат опцијата супермодел или Инстаграм модел, двете се одлучија за супермодел, па Кендал која е професионален модел на шега ја поттурна Кајли на страната на Инстаграм модел. Кајли е една од најплатените личности на Инсатграм па навистина ѝ припаѓа оваа титула. Сепак, Кајли во видеото на шега напиша: „јас и понатаму сум супермодел длабоко во себе“.

@kyliejenner

i’m still a supermodel on the inside

original sound - Alexandra Karadimas

Во другите забавни категории сестрите открија која преферира да излегува, а која да остане дома, на што и двете се сложија дека преферираат да останат дома, но Кајли во последен момент се предомисли и се одлучи за забава. Кајли се одлучи за опцијата омилено дете на мама, додека Кендал ја одбра опцијата најдраго дете на Кејтлин Џенер, нивниот биолошки татко. Кајли со тоа откри дека е малку размазена, за разлика од Кендал коај тврди дека на неа не и е потребно големо внимание.

Кајли инсистираше дека е смешна додека е пијана, но Кендал ја повлече со себе на страната на хаотични пијани личности. Во самото видео на ТикТок сестрите делуваат како добро да се забавуваат, а тоа го потврди и нивната постара сестра Ким Кардашијан, која ова видео го сподели на Твитер со коментар „Преслатки се“.

Делува како Кендал и Кајли да се добри односи.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: