Едногодишно девојче останало заклучено во автомобил: Видеото во кое излегува само стана вирално (ВИДЕО)
Едногодишно девојче ја доби титулата „најпаметно дете досега“, откако успеа само да ја отклучи вратата од автомобилот во кој ја заборавиле. Нејзината мајка Априана Луки го објави видеото ТикТок, но и покрај тоа што девојчето успешно излезе од потенцијално опасната ситуација, некои гледачи не беа премногу воодушевени.
„Баба ми случајно го заклучи бебето во автомобилот“ - напиша АПриана под видеото на кое ја гледаме малата З'Нарија, која остана сама во автомобилот. Благодарение на советите на нејзината снаодлива мајка, девојчето успеало да излезе од седиштето во автомобилот, да ја отклучи вратата и да излезе.
Априана на „Newsweek“ објасни како се случил инцидентот, додека со својата баба одела на гробишта.
„Со оглед на тоа што не планиравме да останеме долго, ги оставив клучевите во бравата и излегов да го земам бебето. Вратата беше заклучена, па и реков на баба да ги отклучи вратите. Но, наместо да ги отклучи, таа ги заклучи сите други врати, а мојата ќерка остана внатре“ - кажа мајката која решила да го сними целиот инцидент.
@apriannalukie4 original sound - Aprianna Lukie
За кратко време ова видео стана вирално и собра околу 2 илјади коментари од ТикТокерите кои беа воодушевени од снаодливоста на ова мало девојче.
фото: Принтскрин / Инстаграм