Екрике и Ана го добија третото дете: Првите фотки од наследничката
Николас и Луси добија мала сестричка!
Енрике Иглесиас и Ана Курникова го добија и своето трето дете на 30 јануари, а фотографии од малата наследничка сподели Енрике на својот Инстаграм профил.
На фотографијата тој ја држи ќеркичката во прегратки, а насмеаната Ана сподели две фотографии, една на која новороденчето лежи на неа, додека Енрике ја бакнува во чело и уште една каде што е сама со ќерката.
На парот ова не му е прво чување на бременоста во тајност со оглед на тоа дека веста дека очекуваат близнаци, исто така ја криеја до самиот крај.