Ексцентрична како мама: Модниот детаљ на Ника Тошиќ е главна тема - погледнете што има во плакарот (ВИДЕО)

Ексцентрична како мама: Модниот детаљ на Ника Тошиќ е главна тема - погледнете што има во плакарот (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Како што расте, така нејзиниот стил ѝ е поинтересен на публиката...

Стилот на Ника Тошиќ не престанува да ја изненадува јавноста. Помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ има цела армија обожаватели на социјалните мрежи, кои го следат секој нејзин чекор, но и секоја нова модна комбинација.

Преслаткото девојче, кое има 12 години, со текот на годините сѐ повеќе почнува да се интересира за модата. Без сомнеж, смислата за интересни комбинации ја има наследено од мајка ѝ, а со една објава ги воодушеви сите.

Модниот додаток, кој го носеше Ника, по видеото кое го објави на ТикТок, ќе стане „must have“ парче за сите нејзини врснички, кои гледаат пример во неа. Имено, ќерката на Јелена носеше раскошен розов шешир, украсен со кристали, кој го имаше искомбинирано со цветен фустан. По ова, на сите има стана јасно дека Ника уште од сега има свој стил, кој е оригинален и поинаков од сѐ она на што сме навикнати да гледаме.

@.nikatosic

cool for the summer - </3

Исто така, се стекнува впечаток дека Јелена Карлеуша е горда на својата ќерка, која израсна во млада дама, за која сме сигурни дека во иднина ќе привлекува сѐ поголемо внимание.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: